вестиТоп вести

Жетвата на пченката е при крај, земјоделците задоволни од приносите, но не и од цената

 

Завршува жетвата на пченката. Временските услови оваа година  беа на страната на производителите на пченка. Врнежливото време помогна во зголемувањето на приносите на пченката. Земјоделците се задоволни од приносите, но не и од цената.

 

Боби Петровски (40г.) од с.Новаци 20 години се занимава со земјоделие. Произведува пченица, пченка, јачмен, а има и штала со крави. За разлика од пченицата, задоволен од приносите на пченката, но не и од цената. Ја има посеано на 20 ха и очекува околу 250 тони. Вели дека иако секоја година се зборува за тоа до сега ништо не е направено да им  се помогне на земјоделците.

 

„ Моментално откупната цена е околу 8 ден, а по мое не треба да биде пониска од 10 ден. и за  пченицата и за  пченката. За пласман се снаоѓаме, нешто во Синпекс, нешто во други приватни откупи, не е лсено. За ова  зборуваме години  наназад но, ништо не е направено. Треба да се знае цената за да се планира колку да се посее, како ќе биде , што ќе биде, за да можа  да се заработи, а сега одиме како на лотарија. Колку ќе биде шо ќе биде не знаеме. За наредната реколта планирам исти површини“, вели за Зелена берза  Боби Петровски.

 

Во време кога многу земјоделци размислуваат за напуштање на оваа дејност, Боби сака да продолжи со земјоделие. „Ова ни е семеен бизнис и не мислам нешто друго да се занимавам освен ова. Е сега ќе се бориме, животот е броба“ вели Боби. Како што гледам полека полека земјоделството се остава и луѓето бегаат по странство, не знам шо треба повеќе да се направи, оти се е направено, се бега од државата а нивите се оставаат така“ додава тој.

Боби се обидува да се прилагоди на приликите. Има своја фирма Дооел Беговци.  Шталата со крави кои некогаш броеле 40 сега се само 5. Вели дека заради ниската цена на млекото не му се исплати да одгелдува крави, работи со загуба. Затоа планира да се насочи на производство на пченка.

 

„Земјоделството не е она што беше порано, потсетува неговиот тактко Веле Петровски. Јас имам 50 погони земја  и сето тоа се работеше, кое репа, кое пченица, пченка, јачмен, се’  се сееше и работеше. Сега имам 300 погони земја ама што да работиме, само бадијала, нема шо да се прај. Сега најмногу сум задоволен од пченката,  ама цената е многу мала. Лани беше до 10 ден, а беше , од 15  до 16 ден. беше пченката, сега наполу падна и таа цена од 16 на 8 ден. дојде, а нафтата само крева. Истото се случува и со цената на млекото. Млекото порано се откупуваше по  29, 30 ден. за литар, сега сите цени дојдоа напола. Како што иди се’ се  намалува, а ништо не се зголемува и повеќе нема сметка човек да работи“ објаснува Веле.

„Едно време нафтата никој не ја сметаше и да те викнеше некој да ти поможи никој не ти бараше нафта да ти тури или нешто, а сега ако одиш треба да ти тури нафта, никој не ја сметаше, ефтина беше. Зелената нафта што беше ветена  уште ја нема. Порано можеше  со реверс да набавуваш она што ти е потребно,сега ако немаш пари не можеш ништо да туриш“ со тага се потсетува Веле. Како и да е  неговиот син не се  откажува од земјоделската работа.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close