НАЈНОВА ВЕСТ за производителите на вино!
Платежната агенција ги известува преработувачите на винско грозје дека е во тек поднесувањето на барањата по Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година, подмерка 1.2.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува преработувачите на винско грозје дека е во тек поднесувањето на барањата по Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година, подмерка 1.2. „Финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино“.
Корисници се производители на вино кои се запишани во Регистарот на производители на вино и во Регистарот на откупувачи на винско грозје кои се водат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и кои винското грозје откупено од земјоделски стопанства од реколта 2023 година и винското грозје произведено од сопствен насад од реколта 2023 година го имаат преработено во сопствените капацитети за производство на вино.
Висината на поддршката изнесува 1 денар по килограм откупено како и произведено винско грозје од сопствен насад од реколта 2023 година.
Максималниот износ по корисник е 6.000.000,00 денари.
Барањата се поднесуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на рачно пополнет образец Барање.
Во прилог на Барањето се доставува Потврда за откупено винско грозје и/или Изјава за произведено винско грозје.
Крајниот рок за поднесување на барања е 29 февруари 2024 година.
Барањето, Потврдата и Изјавата може да се превземат од веб страната на Агенцијата:
www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања 2024 – Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството – Обрасци