
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
НАЈНОВО! Досега откупени 20.401 тон или 90% од вкупно договорената количина тутун
Министерот вели дека за прв пат имавме откуп кој протече без ниту еден проблем
Ги одбројуваме последните денови од 2022 година. Ова беше година на многу предизвици кои ние ги преточивме во успеси. Јас го превземав мандатот токму во екот на откупот на тутун од минатогодишната реколта. Ја започнав 2022 со откупот на тутун, а еве со тутун и ќе ја завршиме. И ова е најубавиот завршеток за ваква предизвикувачка година. Да ја завршиме со убави вести, а тоа е дека откупот на тутун оваа година пишува историја и по цена и по количина и по период на откуп.

