fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

НАЈНОВО! Досега откупени 20.401 тон или 90% од вкупно договорената количина тутун

Министерот вели дека за прв пат имавме откуп кој протече без ниту еден проблем

Ги одбројуваме последните денови од 2022 година. Ова беше година на многу предизвици кои ние ги преточивме во успеси. Јас го превземав мандатот токму во екот на откупот на тутун од минатогодишната реколта. Ја започнав 2022 со откупот на тутун, а еве со тутун и ќе ја завршиме. И ова е најубавиот завршеток за ваква предизвикувачка година. Да ја завршиме со убави вести, а тоа е дека откупот на тутун оваа година пишува историја и по цена и по количина и по период на откуп.
✅️За прв пат, имаме тутун кој достигна рекордна цена од скоро 290 ден/кгр што претставува зголемување за +44% во однос на реколтата од 2021 година кога цената беше 200,44 ден/кгр. За прв пат имавме откуп кој протече без ниту еден проблем, од првиот ден кога започна откупот на 15 ноември до денес, се помина во најдобар ред како никогаш до сега. Околу 20.401 тон или 90% од вкупно договорената количина тутун е откупена.
✅️И дополнително, целокупното производство од реколтата 2022 ќе биде откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. Ова значи дека тутунопроизводителите ќе ги имаат парите на своите сметки токму за новогодишните празници. Упатувам најискрени честитки за сите, и за тутунопроизводителите и за откупувачите. Покажаа како се работи заедно и дека договорното производство е најуспешниот модел на соработка.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close