fbpx
ВестиТоп вести

Најродната сорта лешници Ночионе раѓа успешно и кај нас

Последниве години се повеќе земјоделци се одлучуваат да станат овоштари одгледувајќи лешници. Овој агро бизнис на иднината досега најде успешна подлога и клима и во земјава. Климатското поднебје во земјава е идеална за одгледување лешници, почвата одговара а најзначајното прашање е да го имате решено наводнувањето. Со исполнување на сите предуслови останува да се подготви нивата во есенскиот период и рано напролет додека се уште не потерана вегетацијата да се започне со садењето на садниците.

Она што е значајно е сега да се направ резервации за садниците за да ги имате на располагање кога ќе падне листот и штом ќе узреат садниците да се изврши садењето. Најзначајното прашање при подигање на нов насад е изборот на сортата која ќе се одгледува. По сите анализи зад кои стојат словенечките научници се утврдило дека сортата Ночионе  заедно со опрашувачот Романа е идеалното решение кое дава и најмногу род. Според нивите анализи Ночионете е сорта која дава најмалку по 8 килограми од дрво кога ќе дојде во полна родност во 7 година а прородува во 4 година со кој род се враќаат инвестираните пари.

Инвестицијата сведена на еден хектар изнесува околу 3 илјади евра од кои 1800 евра се за садници кои одат околу 600 во еден хектар ако се сади според препораките 4 на 4 метри. Но и оваа најголема инвестиција се враќаат најмалку половина од парите преку субвенциите за подигање на нов насад кои ги дава државата а целосната апликација ја добивате заедно со садниците. Останатиот трошок е за орање, системи капка по капка и работна рака. Првите неколку години и да има род се препорачува да не се остави за да се засили кореновиот систем. За овие години сите трошоци се покриваат со субвенцијата за одржување на насадите. Кога ќе пророди во 4 година ќе имате род од околу 1,2 тони кои пресметани по најниската откупна цена од 2,7 евра значи дека сте ги вратиле веднаш вложените пари.

Вистинскиот бизнис започнува по 7 година кога лешникот дава по 8 килограми од дрво најмалку ако изберете да садите од нај родната сорта Ночионе што значи дека ќе имате најмалку 5 тона род за продажба. Пресметано по најниската берзанска цена овој род ќе значи приход по околу 13 илјади евра. Но оваа сорта е со средно крупна големина што овозможува Ночионето да се бара и за консумација каде цените се и поголеми што ја прави заработката уште поголема. Досега во земјава има преку 400 хектари под Ночионе кои се ближат до својата родност. Засега неколку од насадите кои насадиле на почетокот се влезени во полна родност и резултатите се повеќе од одлични. Има поединечни дрва кои родија и по 25 килограми но просекот е секаде над 10 килограми.  Голема предност на одгледувањето на лешници е тоа што не бараат заштита и многу работа што го прави идеално за одгледување како дополнителен агро бизнис.

 

З. Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close