fbpx
ВестиТоп вести

 Најубавиот планински предел Шара се уште незаштитен и препуштен на уништување

Шар Планина ќе чека уште неколку години да биде заштитена односно прогласена за национален паркОчигледно најавите на министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки дека Шара ќе се заштити на крајот од 2019 година нема да се остварат.Тој лани во септември на една од еколошките трибини која се одржа во тетовско, вети дека Шар Планина ќе се прогласи за национален парк со образложение дека тоа е еден од условите за влез во Европската Унија, која бара 12 проценти од територијата на секоја држава, да бидат национални паркови.

-Најпрвин треба да се изработи студијата за валоризација на природните вредности, да се исцртаат границите на заштитеното подрачје па потоа постапката да влезе во владина и собраниска процедури, а сето тоа ќе биде завршено на крајот од 2019 година, истакна министерот Дураку минатата година.

 Но постапката според чинителите кои учествуваат во целата процедура се оддолжила.

 -Во тек е втората фаза на изработката на студијата за валоризација на вредностите на Шара која ќе биде презентирана на крајот од оваа година. Ќе треба да се дефинираат и границите на новиот национален парк, постапка во која ќе бидат вклучени општините и месното население .Паралелно со изработката на Студијата за валоризација до крајот на 2019 година треба да се изработи и Социо-економската студија за Шар Планина, велат Агенцијата на обединетите нации за животна средина.

 Од Македонскотo еколошко друштво коe исто така учествува во целата постапка, велат дека сите овие процедури додека поминат најверојатно треба најмалку две години, па потоа процедурата да влезе во Собрание, кое треба да го изгласа предлогот Шара да стане национален парк.  

 -Националниот парк ќе значи максимална контрола, договарање, мерење и влијание на некој инфраструктурен објект врз природните вредности на Шар Планина. Ќе се стави контрола на туризмот и квазитуризмот. Денеска кој сака од селата во подножјето на Шар Планина оди горе на Шар Планина, носи камион со потребниот материјал и прави разни објекти. Значи тие работи мора некако да бидат регулирани, изјавија од Македонското еколошко друштво.

 

Прогласувањето на Шара за национален парк ќе донесе и економски бенефит. 

Освен заштита прогласувањето на Шара за национален парк ќе значи и економски развој на Шарпланинскиот регион, сметаат од платформата Пријателите на Шара, кои исто така учестувваат во постапката.  

Во едно заштитено подрачје сите производи кои ќе се произведуваат фактички ќе бидат назначени како еколошки производи. На пример ќе се популаризира брендот на Шарпланинското сирење. Потоа кога доаѓаат од надвор туристи во Македонија, секогаш прашуваат каде ви се националните паркови. Шар Планина ако биде национален парк, тие веднаш ќе одлучат да го посетат, истакнаа од платформата Пријателите на Шара .

Во меѓувреме на најубавиот и најголемиот планински појас во државава Шар Планина владее безаконие. Дури и на недопрените места се градат дивоградби, владее кривиловство, дрвокрадство, се отвораат дури и патишта за транспорт на украдените дрвја и дивеч.

Планинарските друштва велат дека за планината и сега се грижат повеќе институции како шумската и граничната полиција, шумочуварите, инспекциски служби како на локално така и на централно ниво, но поради големиот масив тие не можат да постигнат и постојано да го контролираат цело подрачје, затоа е потребно што поскоро прогласување на национален парк, каде во рамки на границите на тој парк вработените би се грижеле за тоа подрачје 24 часа.

Веќе две децени властите зборуваат а невладините поднесуваат иницијативи за прогласување на Шара за национален парк. Но постапката се уште не е влезена ниту во законска процедура.  

За разлика од кај нас на косовската страна Шара за национален парк е прогласена пред повеќе од 30 години. Ако се заштити оваа планина од наша страна целиот Шарпланински предел заедно со косовската ќепреставува најголем заштитен појас во Југоисточна Европа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close