fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиРурална ЖенаТоп вести

Наместо пченица и пченка на полињата во Хрватска, тиквички и аспарагус

Дел од земјоделците од Славонија и Срем решија не само да одгледуваат класични полски култури, туку и да одгледуваат овошје и зеленчук; културите се попрофитабилни, но им недостасуваат работници.

Плодните полиња во Славонија и Срем, во источна Хрватска, пред неколку децении беа познати како житници кои хранеа милиони луѓе. Во текот на сите тие години речиси по правило на илјадници хектари од тие полиња се одгледувале класични земјоделски култури како пченица, пченка, јачмен, сончоглед и шеќерна репка. Но, во последните години дојде до промени во размислувањето на некои земјоделци така што се повеќе плодни полиња се сеат со разновиден зеленчук, лешник, аспарагус, овошје…пренесува Алџезира

Според Зденко Подолар, директор на Агро-кластерот од Вуковарско-сремската жупанија, земјоделците кои имаат големи површини земјиште продолжуваат да одгледуваат класични земјоделски култури бидејќи имаат обезбеден пазар, потребна механизација, а има и стимулации, но и добри набавните цени. Истовремено, како што вели, земјоделците со помала земја се одлучуваат да одгледуваат разновиден зеленчук, јаткасти плодови и слично затоа што сакаат да пробаат нешто ново, но и поради тоа што тоа се речиси по правило поисплатливи култури.

„Во текот на изминатите години дел од земјоделците се свртеа кон некои нови култури, така што секоја година имаме се повеќе нови култури кои се одгледуваат на нашите ниви. Доброто е што по правило се се продава и што цените се генерално добри, што значи дека може добро да се заработи. Меѓутоа, проблемот е што сите овие се трудоинтензивни култури на кои им треба многу работа. Дополнителен проблем е што денешните семејства обично се мали, а во селата веќе нема многу луѓе за да можат да организираат сеидба или жетва“, рече Подолар.

Целиот текст на https://balkans.aljazeera.net/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close