Наместо вкусен домашен “јабучар” ќе јадеме пластични домати

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

namesto vkusen domashen jabuchar kje jademe plastichni domati

 

Експертите сметаат дека доколку сакаме да го зголемуваме земјоделското производство, мораме да применуваме нови сорти, но истовремено да ги задржиме автохтоните сорти. Од друга страна, не можеме да очекуваме конкурентни земјоделци, доколку не се користат современи достигнувања, најнови агротехнички мерки, модерни сознанија и технологија, не само за житни, туку и за другите култури науката ќе има приоритет

Земјоделците воведуваат нови сорти кои се отпорни на суши и болести, со подобар квалитет и поконкурентни на пазарот. Меѓутоа, од друга страна исчезнуваат автохтоните сорти кои што се одгледуваат во одредени региони како што е тетовскиот, беровскиот, кавадаречкиот, охридскиот. Експертите сметаат дека доколку сакаме да го зголемуваме земјоделското производство, мораме да применуваме нови сорти, но истовремено треба да ги задржиме автохтоните сорти. Причината е повеќе од јасна да не ни се случи на пазарите наместо да купиме квалитетни домашни производи да купуваме увезни, кои се со сомнителен квалитет и со поинаков вкус.

Карактеристично за автохтоните сорти е што земјоделците со децении сами си оставаат семе за расад, што се користело повеќе години. Затоа тие предупредуваат дека треба да ги заштитиме автохтоните сорти и семиња, кои со текот на годините постепено се губат.

Земјоделците и нивните здруженија предупредуваат дека се повеќе домашните сорти се менуваат заради увозот на семиња кои се сосема различни од нашите, како, на пример, во земјава почнува да се сади грав од германско семе, ориз од италијанско семе, а за доматите најчесто се користи семе кое што е произведено во Бугарија.

Експертите сметаат дека доколку сакаме да го зголемуваме земјоделското производство, мораме да применуваме нови сорти, но истовремено да ги задржиме автохтоните сорти. Од друга страна, не можеме да очекуваме конкурентни земјоделци, доколку не се користат современи достигнувања, најнови агротехнички мерки, модерни сознанија и технологија, не само за житни, туку и за другите култури науката ќе има приоритет.

Причина за исчезнувањето на познатиот струмички „јабучар” од нивите во Струмичко, кој се карактеризираше со розова боја и вкус на вистински домат, експертите ја гледаат во трговската логика и потребите на пазарите надвор од Македонија. Доматите произведени од хибридни семиња се поиздржливи за транспорт и нивниот рок на траење е повеќе од еден месец.

Во производството и пласманот на доматите цврсто се наметна трговската логика со хибридните долготрајни семиња, каде што има сорти домати кои од 25 до 30 дена издржуваат во магацините и кога ќе добие поволна цена, трговецот ќе ја пласира на пазарот. Сето тоа е на сметка на квалитетот, бидејќи овие хибридни домати, кои сега доминираат на пазарот, имаат неквалитетна конзистенција, дебела кора и дрвена маса, вели експертите за заштита на растенија од болести.

Експертите велат дека новите сорти пченица се поприносни и поквалитетни и рамноправно се носат со оние на мултинационалните компании кои се светски признати. Некои од овие сорти пченица веќе се применуваат во Македонија, а оние кои допрва ќе се сеат, ќе придонесат за рекордни, досега незабележани приноси, а резултатите ќе бидат евидентни во следните десет години.

– Новите сорти пченица можат да дадат од 9 до 12 тони пченица по хектар. Тоа е генетскиот материјал. Во реалноста ситуацијата е малку поинаква, односно приносите се нешто помали, така засега со примена на нови сорти пченица се добиени 7 тони за хектар во Битола, и од 8,5 до 9 тони по хектар во Скопско, што е одличен принос, вели претседателот на Агробизнис комората, Огнен Оровчанец.

Но, генерално, проблемот на исчезнување на автохтоните сорти на растенија е глобален, бидејќи се работи за бизнис кој носи одличен профит и заработувачка.

Share Button