fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Напредни лозари” најави кампања за подобрување на условите за лозаропроизводство

Здружението „Напредни лозари” најави кампања за подобрување на условите за лозаропроизводство.

Како што информираше претседателот на здружението Трајче Кулев, целта е решавање на долгогодишните проблеми во овој сектор.

– Меѓу другото, бараме утврдување на откупните цени на грозјето, зголемени најмалку за 100 проценти во однос на досегашните и нивно гарантирање со закон, но не подоцна од почетокот на месец јуни 2022 година. Се залагаме за изработка и донесување на закон за лозарство и грозје како посебен закон, а не во рамките на законот за вино, нагласи Кулев.

Тој рече дека од оваа година па натаму, ни една сорта на грозје не смее да биде со цена под 30 денари, а на високосортните и трпезните сорти под 50 денари.

Доколку изостане разбирањето за проблемите на лозарите, најави тој,„Напредни лозари” ќе ги повика лозарите на преземање порадикални облици на борба како протести, блокади и останати облици на борба, се до потполно исполнување на нашите барања.

Кулев ги повикува сите производители на грозје, сите лозари и останатите сограѓани во Тиквешијата и пошироко, за масовна поддршка и со тоа да им го зголемат, како што рече, кредибилитетот во застапувањето на нивните интереси.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close