Насер Џемаили, претседател на „Модерен сточар“ со реакција до директорката на Платежната агенција Даниела Иротова
Токму нашиот демант на тврдењето на госпоѓата Иротова што тврди дека програмата за 2024 година органско производство е иста како и за 2023 година, и дека одгледувачите на овци ќе треба повторно да се задоволат со 300 денари по грло, ќе го илустрираме со уште неколку исечоци од програмата за органско производство 2024 година - каде ќе ја доловиме разликата во однос на претходната година.
РЕАКЦИЈА на Насер Џемаили Претседател на СОО„МОДЕРЕН ОВЧАР“ – Скопје ПО ОДНОС НА ИЗЛАГАЊЕТО НА ВД ДИРЕКТОРКАТА НА АФПРЗЗ ГОСПОЃАТА ДАНИЕЛА ИРОТОВА ЛАЗАРЕВА објавено во Зелена берза – https://zelenaberza.com.mk/direktorkata-daniela-irotova-ispraka-czelosen-odgovor-do-stocharite-okolu-isplatata-na-subvencziite/
Насер Џемаили Претседател на СОО„МОДЕРЕН ОВЧАР“ – Скопје образложува:
Ставот на ВД директорката би можел да се окарактеризира како груба манипулација према сточарите, конкретно одгледувачите на овци, или како елементарно непознавање на програмата која треба да ја реализираат.
Почитувани, во програмата за органско производство 2023 година, постоеше еден компромитивен елемент, кој што иако беше неостварлив (противзаконски да се поставува неостварлив услов ), навремено не се најде решение за истиот. Конкретно тоа беше подмерката 2.4, која гласи:
Во конкретниот случај, спорна е мерката 2.8 од истата уредба, меѓутоа мерката 2.8 во неповолната уредба беше условена со мерките 2.4, 2.7 и 2.11 – конкретно:
За годината 2023та сточарите беа исплатени само по однос на подмерка 2.7, додека за 2.4 скоро и да е невозможно да го остварат правото и како последица на тоа неостварлива е мерката 2.8. меѓутоа би требало да се знае дека одгледувачите на овци, сеуште ги очекуваат средствата по однос на подмерка 2.11 од уредбата кои безусловно им следуваат:
Само уште во прилог мерките за органско производство 2023 година, каде што јасно може да се забележи дека по однос на програмата за органско сточарско производство, се врши едно грубо кршење на правата пропишани со програмата, доколку заклучеме дека одгледувачите на овци од мерките за нив определени до сега се исплатени само по однос на мерката 2.7 од оваа уредба.
Токму нашиот демант на тврдењето на госпоѓата Иротова што тврди дека програмата за 2024 година органско производство е иста како и за 2023 година, и дека одгледувачите на овци ќе треба повторно да се задоволат со 300 денари по грло, ќе го илустрираме со уште неколку исечоци од програмата за органско производство 2024 година – каде ќе ја доловиме разликата во однос на претходната година.
Најпрво програмата за органско 2024:
Во табелата со мерките од 2024 година јасно се гледа разликата во однос на 2023 година, каде мерката 2.8 беше условена со мерките 2.4, 2.7 и 2.11! Поблиските критериуми за програмата 2024 :
Доколку и по овој илустриран демант, госпоѓата директорка остане на истиот став, ве известуваме дека правата на одгледувачите на овци ќе се остваруваат судски, со помош на нашите колективни правни застапници.
ДОПОЛНУВАЊЕ
Уредбата. Појаснување на член (9) значи дополнителните 700 денари по органско сертифицирано грло-овца ќе се добијат доколку е предавано млеко на регистран откупувач и плус доколку е предадено јагне во регистриран откупувач-кланица во АХВ. Значи не е е наведено регистрираниот откупувач-кланица да биде СЕРТИФИЦИРАНА ЗА ТРГОВИЈА И ОТКУП НА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО, а изјавата на директорката е дека нема ниедна кланица СЕРТИФИЦИРАНА ЗА ОТКУП НА ОРГАНСКО ЈАГНЕ.
За 2024 год. за органско овчарство се следните критериуми; Корисници на средства од подмерка 2.7. од оваа програма се земјоделски стопанства кои се корисници на средства од подмерка 2.8. од Уредбата. Висината на директните плаќања се зголемува за 300 денари по грло во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 2.8. алинеја 2 од Уредбата. (9) Корисници на средства од подмерка 2.8. од оваа програма се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерките 2.7. и 2.10. од оваа програма и се корисници на подмерката 2.9. од Уредбата.
Висината на дополнителните директни плаќања се зголемува за 700 денари по грло во однос на утврдената висина на директните плаќања во подмерката 2.9. алинеја 3 од Уредбата. Значи кратко појаснување; За да добијат дополнитлени 700 ден по грло органска/органска во преод овца, органските производители треба да имат предадено органско јагне во регистриран кланичен капацитет во АХВ, не е потенцирано никаде дека треба да има предаден органско јагне во КЛАНИЦА СЕРТИФИЦИРАНА ЗА ОТКУП НА ОРГАНСКО ЈАГНЕ. Во прилог е извадок од програмата за органско за 2024 Очекуваме дополнителен прием и разговор со почитуваната в.д директорка Даниела Иротова Лазарова околу исплатата на дополнителните мерки за органско сточарско производство.
Со Почит
Насер Џемаили
Претседател на СОО„МОДЕРЕН ОВЧАР“ – Скопје










