Агро бизнисВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести
Новиот фокус на Трипуновски е обновување на системите за наводнување
На ниво на подружница заклучно со денес се исчистени повеќе од 13 километри каналска мрежа.
Минисерот за земјоделие Цветан Трипуновски објави дека – Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување
Денеска сме во општина Росоман каде што се чисти левиот магистрален канал, досега се исчистени повеќе од три километри. Со ваквата динамика на работа до почетокот на идната сезона целиот канал во должина од 40 километри ќе биде исчистен.
Без вода не можеме да размислуваме на земјоделско производство. Поради тоа нашиот фокус ќе биде на работењето и обновување на системите за наводнување на ниво на држава.