Натпревар за најдобри вина и ракии и натпревар во закројување лози во Демир Капија
Сите заинтересирани производители на вино и ракија може да се пријават на натпреварот со мостри од своето производство. – Централниот настан, симболичното закројување на винова лоза, ќе биде на „Свети Трифун”, на 14 февруари, во дворот на демиркапискиот Музеј, соопшти Општината.
Натпревар за најдобри вина и ракии и натпревар во закројување винови лози се организираат во Демир Капија, во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите.
Како што информираа денеска од демиркаписката локална самоуправа, настаните се во рамки на традиционалната манифестација „Недела на традицијата-Свети Трифун 2022″. Сите заинтересирани производители на вино и ракија може да се пријават на натпреварот со мостри од своето производство.
– Централниот настан, симболичното закројување на винова лоза, ќе биде на „Свети Трифун”, на 14 февруари, во дворот на демиркапискиот Музеј, соопшти Општината.
Целта на оваа манифестација, како што стои во соопштението, е негување на лозаровинарската традиција, промовирање на лозарството и винарството и винскиот туризам.
Настаните по повод празникот ќе се организираат согласно КОВИД-протоколите.