Истражувањата во науката и земјоделството никогаш не престануваат да не изненадуваат. Овојпат, истражувачите откриле нов пристап во производството на јајца.
Во светот и кај нас, постојат различни начини на одгледување на кокошката несилка. Производителите, секогаш одново пронаоѓаат нови начини, како би влијаеле на големината и квалитетот на јајцата кај кокошките несилки и на тој начин, што подобро да го пласираат производот и подобро да заработат. Во решението на овие многубројни проблеми, науката секогаш е тука да понуди нешто поинакво и ново.
Истражувачите од една организација од Германија, на пазарот понудиле конвенционални јајца, во текот на чие производство не се убиваат пилињата. Во светот, во последно време, се повеќе се зборува за добробит на животните, како основа за добивање на безбедни производи од животинско потекло, а помеѓу големите компании се појавуваат светли примери за таквата грижа. Така, на пример, уште во 2017 година, раковдството на компанијата Nestle, одлучило да користат јајца од кокошки несилки кои не живеат во кафез. Мотив за нови истражувања и пронаоѓање на нови пристапи во производството на јајца, научниците пронашле во праксата на масовно убивање на машките пилиња после излегувањето.
Новитетот кој го донесува ова истражување во областа на производство на јајца е одредувањето на полот на ембрионот. Пред излегувањето се одредува полот на ембрионот во јајцето, а јајцата со машки ембриони се класифицираат така што се раѓаат само кокошки несилки. Јајцата добиени со овој метод веќе се достапни на пазарот и се наоѓаат на полиците на некои маркети во Берлин.
Методот на утврдување на полот на ембрионот во јајцето, кој е изучуван со години, го развиле научниците од Универзитетот во Лајпциг, а целиот проект е финансиран од страна на гермнското Федерално министерство за земјоделство. Проектот е замислен како одговор на индустриското производство на јајца, кое подразбира масовно убивање на машките пилиња.
Основачите на проектот имаат намера да развијат работен модел, со цел оваа технологија поради своите бенефити да стане достапна за широката индустрија.
Производството на јајца со овој метод, предвидува и понатамошна употреба на јајца со машки ембриони. Цената на ваквите јајца на пазарот во Германија е за некој цент поголема од јајцата произведени на конвенционален начин. Но, тука не е крајот на нивната употреба, туку издвоените машки јајца и понатаму се преработуваат во сточна храна.
Зелена берза