fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Не ги даваме земјата и добитокот

Бунт на фармерите во Холандија

Земјоделците во Холандија покренаа бунт поради плановите на владата за намалување на емисиите на азот. Сточарите во ова гледаат ултиматум: или драстично да го намалат бројот на говеда, или да си го продадат имотот, стои во анализата на Дојче Веле.

„Мислам дека има агенда Холандија да стане поинаква земја, а фармерите се пречка на тој пат,“ вели Ад Балтус кој има 52 години и одлгедува околу 130 молзни крави во близина на Алкмар на северот на земјата.

„Сакаат да го променат пејсажот. Повеќе природа и повеќе соларни панели. Им треба земја за да градат станови и индустриски капацитети. А таа земја треба да им ја дадеме ние, земјоделците,“ убеден е Балтус.

Додека ни го покажува поседот на кој работи веќе четири децении, неговото куче трча околу нас. Балтус вели дека не го поддржува насилството на протестите, но има разбирање за бесот.  И самиот учествувал на демонстрациите. Сè се врти околу азотните соединенија, како што е амонијакот. Го има во ѓубривата, но го загадува и воздухот, водата и земјата, а на крајот влијае и врз разноликоста на видовите.

Аграрна велесила 

Малата Холандија има најголема концентрација на добиток во ЕУ. Половина од земјата е под насади и пасишта, и со напредната технологија оваа земја е вториот најголем извозник на земјоделски производи во светот, зад САД.

Земјоделството и хортикултурата сочинуваат десет отсто од националната економија и 17,5% од извозот (65 милијарди евра годишно). Според податоците од Министерството за земјоделство, дури 46% од емисиите на азот доаѓаат од земјоделството, особено од производството на месо и млеко. Азот не се наоѓа само во ѓубривото, туку и во изметот на кравите, свињите и овците.Повеќе на линкот https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close