Не ги фрлајте лушпите од кромидот: Еве за што сѐ може да ги употребите
Помага при проблеми со кардиоваскуларниот систем…
Докажано е дека лушпата од кромид е најчудесниот подмладувач. Покрај тоа, помага и во случај на проблеми со кардиоваскуларниот систем, мочниот меур и бубрезите. Лушпите од кромидот содржат моќен антиоксиданс кверцетин, кој го регулира крвниот притисок.
Наместо следниот пат да ги фрлите, еве ги сите начини на кои можете да ги користите лушпите од кромидот.
1. Ако готвите супа од зеленчук, слободно фрлете го целиот кромид со лушпите. Освен што ќе добие поубава боја, супата ќе биде многу повкусна и поздрава поради микроелементите кои ги има многу позастапено отколку во самиот кромид.
2. Доколку сте забележале дека вашето растение не изгледа многу здраво, подгответе раствор од лушпи од кромид и вода со која одвреме-навреме ќе го полевате вашето растение.
3. Чајот од кромид може да помогне при грчеви. Додадете една лажица лушпи од кромид во чаша топла вода и оставете ја да отстои 10 минути. Процедете и пијте по околу 200 мл секоја вечер. Важно е да се напомене дека чајот од кромид не треба да го пијат доилките и трудниците.
4. Лушпите од кромид со сечкана дабова кора се одличен начин да добиете светло кафена боја на коса.
Независен.мк