fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Не се исплати чувањето на кравите-вели жителка на скопското село Драчево

Со години наназад имаме се помалку говеда и помало производство на млеко и млечни продукти.

Европската унија изброи 9,1 милиони фарми кои функционирале на територијата на целата унија во текот на 2020 година. Притоа како што потенцира „Евростат“, мнозинството или околу 93 проценти може да се класифицираат како семејни фарми. Тоа се фарми каде 50 проценти па дури и повеќе од земјоделската работна сила е  обезбедена од семејни работници-sinpeks-shop.mk

Во Македонија последните години е присутна тенденција на напуштање на земјоделството, а со тоа и намалување на бројот на фарми, фармери и вработени во секторот. Со години наназад имаме се помалку говеда и помало производство на млеко и млечни продукти. Фамерите укажуваат дека имаме системски проблем кој го кочи развојот на секторот, и потенцираат дека сега производството се оддржува благодарение само на повозрасните граѓани кои не сакаат да се откажат од одгледувањето домашни животни, но младите воопшто не се заинтересирани за оваа макотрпна дејност.

–  Родителите на сопругот со децении одгледуваат крави и произведувале млеко. Ние понекогаш помагаме, но во главно тежината ја носат они. Иако работиме земја и од неа имаме големи приходи, факт е дека ако тие не можат да се грижат за петте крави кои ги имаме, ние ќе ги продадеме. Чувањето стока е макотрпна работа, а трудот од неа не е исплатлив. Потребна им е храна три пати во денот, одмолзување на кравите исто така три пати, па средување на млекото, да не зборуваме за чистење. Млекото се откупува по ниски цени, затоа гледаме да го продадеме на комшии или жители од околината кои сакаат домашно млеко, инаку не се исплати чувањето на кравите – вели една жителка на скопското село Драчево.

Таа потенцира дека веќе ниту во нивната околина никој не одгледува стока, додека за споредба пред само пет години во секоја втора куќа имало крави или свињи.

Според податоците од истражување на Државниот завод за статистика од 2016 година, вкупниот број на земјоделски стопанства во Македонија изнесува 178.125. Од нив 177.845 се индивидувални фарми, додека 280 се деловни субјекти пренесе  faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close