fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

НОВО!Сите откупувачи на тутун до тутунарите ги доставија анексите со новата зголемена откупна цена од 365 денари по килограм

СООПШТЕНИЕ од МЗШВ до тутунарите!

Нашата упорност како министерство и обединетоста на тутунарите даде резултати.

Сите откупувачи на тутун ја следат новата откупна цена од 365 денари по килограм тутун за прва класа и до тутунарите веќе ги доставија анексите на договорите.

Анексите на договорите што ги имаат тутунарите се однесуваат на целокупната количина предаден тутун и на терен откупот се одвива непречено.

Тутунарите се задоволни. Имаме фер цена, зголемена по втор пат оваа сезона.

Покрај фер цена за тутунот, наша цел како министерство е да обезебедиме сигурен развој и одржливост на тутунопроизводството. Во таа насока, за оваа година, креиравме повеќе нови мерки за поддршка на тутунарите.

Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин да го стекнат правото за оваа нова мерка.

Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

 Оваа реклота за 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи за предаден тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари по килогам, субвенција за предаден тутун од прва класа. Вкупна поддршка за прва каласа тутун од  465 денари добива секој тутунар.

Дополнително тутунарите преку програмата за рурален развој и оваа 2024 година можат да добијат поддршка во набавка на опрема за производство на тутун.

Водиме искрена грижа за сите земјоделци. Креираме мерки според потребите на земјоделците, преку кои постигнуваме одржливост и развој на земјоделството.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close