Некарактеристичните температури за овој период опасни за растенијата

(Oвој напис е објавен на: February 23, 2017)

Стручњаците од аграрот предупредуваат дека високите температури кои достигнаа и над 20 степени,  за овој период се некарактеристични и  може да имаат негативни последици врз растенијата.

nekarakteristichnite temperaturi za ovoj preiod opasni za rastenijata

 

„ Деновиве  е регистрирано сокодвижење кај родните папки кај праските и кајсиите, посебно кај раните сорти праски како што се Сприн крес, Сприн бела, Сан клаус, нектарина  и други. Доколку во наредниот период  минималните температури се симнат на -3 степени  се заканува  опасност од целосно измрзнување на родните папки. Затоа на овоштарите им се препорачува  задолжително да извршат третирање на своите насади со бакарни препарати и инсектицид со цел да се запре прирастот на цветните папки“ вели раководителот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци, Драганчо Николов.

Тој нагласува дека  сокодвижењето е регистрирано и кај лозовите насади  каде од 70 до 80% резидбата е завршена. Затоа и лозарите треба да   извршат  зимска заштита  со бакарни препарати.

„Климатските промени си ги покажуваат забите. Имаме високи температури иако сеуште календарски зимата не е завршена. Сето тоа го пореметува системот на растенијата и може да има сериозни последици“ вели проф. Д-р Ристо Вучков.