fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Заев: Нема да смее да се градат објекти на купено земјоделско земјиште, очекуваме до 300 милиони евра од продажба

Земјоделското земјиште што ќе го продава државата нема да смее да се урбанизира односно новиот сопственик нема да има можност да го пренаменува.

Земјоделското земјиште што ќе го продава државата нема да смее да се урбанизира односно новиот сопственик нема да има можност да го пренаменува, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Алсат. Тој рече дека нема да смеат да се продаваат помалку од 10 хектари, а дополнително ако новиот сопственик на земјоделското земјиште истото не го обработува или не го изнајми, ќе плати три пати поголем данок. Целта е земјоделското земјиште да биде ставено во функција, беше категоричен премиерот Зоран Заев.

„Согласно анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а ние очекуваме 200 до 300 милиони евра или 10 до 12 отсто од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании. Земјоделското земјиште ќе може да го купат домашни физички и правни лица. Правните лица може да бидат со делумно и целосно странски капитал, но да бидат домашно регистрирани компании. Тоа значи да ги прифатат сите услови во државата, да не го пренаменуваат земјиштето за го користат за земјоделска дејноста, да инвестираат, модернизираат со современи методи. Планот е до крајот на јуни 2021 година да ја завршиме дебатата за законските решенија, а со завршувањето на кризата најдобро е да  влеземе во прогрес. Имаме и национални големи компании кои сакаат да инвестираат“, рече премиерот Заев и дополни дека и во овој случај нема да се дозволат злоупотреби за што државата има соодветни алатки за да си го заштити јавниот интерес.https://faktor.mk/zaev-nema-da-smee-da-se-gradat-objekti-na-kupenoto-zemjodelsko-zemjishte-ochekuvame-do-300-milioni-evra-od-prodazba

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close