fbpx
ВестиМакедонија

Нема нови рестрикции, останува полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот

Филипче остави простор за преиспитување на мерките доколку тоа се оцени по анализа на податоците викендов и во почетокот на следната недела.

И покрај зголемениот број заболени од Ковид – 19 и притисокот врз болниците, Комисијата за заразни болести не предложила нови рестриктивни мерки. Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, и во наредниот период остануваат досегашните мерки за полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот.

Оваа препорака е донесена врз основа на бројот на позитивни случаи на ковид-19 минатите денови, како и двонеделните бројки и анализите. Како што објасни Филипче, во градовите каде што имало зголемена инциденца како во Валандово, Крушево, Прилеп…, се заблежува тренд на намалување, но таа се зголемува во други градови, пред се во Скопје, Гостивар, Велес… Филипче остави простор за преиспитување на мерките доколку тоа се оцени по анализа на податоците викендов и во почетокот на следната недела.

„Максимално сме спремни да ги изменаџираме и евентуалнитте дополнителни рестрикции“, рече Филипче.

Презентирајќи ги податоците, Министерот рече дека од почетокот на корона кризата во земјава се регистрирани 113.929 позитивни, оздравени се 98.676 лица, а починале 3.364. Активни случаи се 11.889 лица.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close