fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Да се подобри инфраструктурата во селата за младите да работат земјоделство

Ванчо Андов е млад човек од Струмица, дипломиран програмер кој пред една и пол година го напуштил ИТ-секторот и целосно се посветил на дотогашното хоби – пчеларството.

Како да се зголеми ангажманот на младите во земјоделството и што им е неопходно беа дел од прашањата на кои разговараа триесетина претставници на институции, здруженија и поединци на дебатата во резиденцијата на Европската Унија во Скопје

Ванчо Андов е млад човек од Струмица, дипломиран програмер кој пред една и пол година го напуштил ИТ-секторот и целосно се посветил на дотогашното хоби – пчеларството.

– Дотогаш работата ми беше врзана со компјутер. Се случуваше да завршам со работа, да направам мала пауза, па да продолжам уште неколку часа работејќи на друг проект. Пчеларството прво беше релаксација, да излезам во природа. Сега ми е главна дејност. Произведувам мед, матичен млеч и други производи. Пчеларството е многу подоходовна гранка од земјоделските производи зашто медот не се расипува. Тоа е огромна предност и за одржување на цената на производите – објаснува Андов.

Зоран Богоев од Кочани вели дека од дете чувал животни. Пред 3-4 години се насочил кон одгледување пчели. Многу му помогнала обуката што ја завршил лани. Тој познава многу млади што почнуваат да се занимаваат со пчеларство, а дури половина од нив се жени, што порано било невообичаено.

Магдалена Јанчова е инспиративна млада жена од виничкото село Грљани. Нејзиното семејство произведува мед и други производи од пчели, продукти од козјо млеко, а се занимаваат и со хортикултура. Таа е магистер по фармација и се наоѓа на крстопат дали да продолжи со оваа професија или целосно да му се посвети на семејниот бизнис.

– Ми се останува на село, да продолжам со она во што моето семејство го вложи сиот свој живот. Но, треба да сме свесни дека условите се различни во секое место. Некаде има, некаде нема инфраструктура. Има села со многу лоши услови за живот, без вода, со нестабилна струја. Новите машини не поддржуваат слаба струја и се неупотребливи. Овие нешта државата мора да ги среди, не зависат ниту од младите ниту од земјоделците – вели Јанчова.

Таа апелира институциите да им овозможат на младите подобри услови за да сакаат да останат на село. Нејзиното семејство ги обработува нивите на други луѓе. Бидејќи немаат земјиште на свое име, не можат да користат субвенции од државата.
Директорот Бачовски објасни дека со договор за закуп на земјиште може да се пријават за субвенции. Со новите измени во легислативата, предност во давањето земјиште под концесија ќе имаат локалните жители, а младите до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање надомест за користење државно земјиште во првите три години. Бачовски вели дека во последните три години за три пати се зголемени субвенциите за одгледување пчели.

– Секоја година доделуваме грантови за млади земјоделци од 10 до 20 илјади евра. Ние сме мала држава, но 65 отсто од хранатa во светот ја произведуваат малите земјоделци. Многу е важно земјоделците да се насочуваат и кон преработка на своите производи, од млеко – сирење, од грозје – вино, бел, прочистен ориз наместо арпа – вели Бачовски.https://nezavisen.mk/da-se-podobri-infrastrukturata-vo-selata-za-mladite-da-rabotat-zemjodelstvo/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close