fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење, вели Бектеши

Граѓаните деновиве се жалат дека во повеќе маркети, па дури во големи синџири на продавници, наидуваат на празни рафтови каде што обично е сместен овој неопходен производ.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека на пазарот во земјава нема нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење.

„Ние редовно сме во комуникација со производителите на масло за јадење во државата и согласно податоците што ги добиваме од нивна страна тие редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со овој производ“, изјави денеска Бектеши, одговарајќи на прашање на новинарите на прес конференција.

Инаку, граѓаните деновиве се жалат дека во повеќе маркети, па дури во големи синџири на продавници, наидуваат на празни рафтови каде што обично е сместен овој неопходен производ.

„Зејтин нема никаде, рафтовите се празни. Неофицијално од маркетите велат дека нарачуваат масло, а производителите не доставуваат или доставуваат мали количини кои што се трошат за многу кратко време“, велат граѓаните.

На ваквите забелешки, Бектеши вели дека доколку има таква ситуација, односно ако маркетите биле снабдувани, а маслото го нема на полиците, тогаш за тоа е надлежен Државниот пазарен инспекторат.

„Инспекторатот редовно врши контроли и согласно законските прописи и одлуките донесени од Владата ќе постапат и ќе се преземат соодветни мерки“, вели Бектеши, додавајжи дека чувањето залихи е спротивно на одлуката и спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.

„Секако ДПИ има право законски да направи проверка и да донесе соодветни мерки“, вели Бектеши.

„Во земјава има три големи производители на масло за јадење и ние сме редовно во комуникација со нив. Имајќи во предвид дека има зголемување на берзите во однос на суровото масло, затоа има одредени покачувања на цените. Најважно во вакви моменти е дека во Северна Македонија нема проблем во делот со снабдување и производство на масло за јадење. Ние ги следиме редовно состојбите и ако е потребно ќе донесеме дополнителни мерки се со цел да го ублажиме притисокот во делот на цените“, истакна министерот.

Тој додаде дека што се однесува до основните прехранбени производи Владата донесе одлука за намалување на ДДВ од пет на нула отсто, како и дека носи и други мерки во однос на утврдување на одредени количини кои преку Министерството за земјоделство би можеле да бидат субвенционирани за домашните производители.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close