fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Неофицијално-првите субвенции за краварите и пчеларите уште утре или во петок

Дознаваме исплатата ќе почне за краварите основна мерка и за пчеларите

Фармерите од Македонија со нетрпение ги очекуваат субвенциите. Сите се едногласни дека требаше да се исплатат порано. Бројни се реакции по социјалните мрежи. Субвенциите ги очекуваат и краварите и овчарите и пчеларите, градинарите, овоштарите… Нефицијално први ќе бидат исплатени краварите, основна мерка и пчеларите до петок, а можеби и уште утре.

Според календарот сточарите требаше да бидат исплатени во април.  А краен рок за исплата на сите субвенции е во јуни.

-Требаше да се исплатат до 30 јуни за која динамика зборуваме, закаснети и обезвреднети. До кога пчеларите ќе чекаат на намалените субвенции?, коментираат и негодуваат фармерите.

Имаме информации, засега неофицијални дека за овчарите се уште не се подготвени исплатите.

Вчера министерот Љупчо Николовски објави дека се што е заостанато ќе почне да се исплатува од овој месец.

-Од овој месец согласно утврдената динамика започнува исплатата на заостанатите обврски кон земјоделците. 2022 година ќе биде година во која државата до денар ќе расчисти со долговите према земјоделците, но и година во која за прв пат ќе започне авансна исплата на субвенциите, најпрво кај овоштарите, објави министерот Љупчо Николовски.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close