fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ДООЕЛ „Карачи“ повеќе од една деценија успешно опстојува на пазарот за производство на полиетиленски кеси, вреќи и  термофолија

Квалитетот и  безбедноста на производите, пристапните цени и брзата дистрибуција се одликите што „Карачи“ успешно функционира и е баран  на територијата на целата држава.

ДООЕЛ „ Карачи“ е приватна компанија која повеќе од една деценија  успешно опстојува на нашите простори. Произведува најразлични видови полиетиленски кеси и  вреќи како и термофолија во различни димензии и бои. Наоѓаат широка примена во маркетите, домаќинствата, земјоделието, индустријата (особено во прехранбената).

Седиштето е во с. Сопотница Демир Хисар, а своја подружница има и во Битола во објектот на Лозар Битола.

Користењето  на современа технологија им овозможува на вработените во оваа компанија да одговорат на барањата и на најпребирливите вкусови на  потрошувачите. Квалитетот  е гаранцијата, оној што еднаш дошол повторно да се врати и да ја продолжат соработката.

 

Освен широката лепеза на производи, во „Карачи“ може да се направи и производ по нарачка. Печатницата што функционира во кругот на компанијата овозможува да се задоволат  и специфични барања на комитентите. Како што велат оттаму, не се плашат од конкуренција. Во време кога се повеќе се атакува на употребата на пластиката, велат дека се грижат за животната средина на тој начин што производите може да се рециклираат и да најдат друга примена во секојдневието. Она на што треба да се работи постојано е подигнувањето  на свеста кај населението за можноста за рециклирање на отпадите.

Безбедноста на производите  е основата од која се раководат во „Карачи“ за што поседуваат атест за безбедност кој што е добиен од Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова е од особена важност за производите што доаѓаат во директен контакт со храна, а ги употребуваат големи  компании од прехранбената индустрија во земјава.

Од  ДООЕЛ  „Карачи“  уверуваат дека и материјалите и суровините што ги употребуваат во процесот на производство се безбедни за што гарантира атестот што го добиваат од своите добавувачи.

Квалитетот и  безбедноста на производите, пристапните цени и брзата дистрибуција се одликите што „Карачи“ успешно функционира и е баран  на територијата на целата држава.

П.Ј.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close