fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Извозот на “жолто“ злато лани беше скоро 40 милијарди долари

Додека сè уште не е извесна судбината на “црното“ злато и најголемите производители на нафта кројат планови за спас, ние ќе направиме анализа на најголемите извозници на “жолтото“ злато – пченицата.

Светските медиуми пишуваат дека светот поради корона кризата би можела да се соочи со намалено производство на оваа важна житарка, објавува Бизнис инфо.

Вкупниот извоз на пченица минатата година достигна вредност од 38,8 милијарди долари.

Русија е најголем извозник на пченица минатата година со 6,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу петте најголеми извозници на оваа суровина се и: САД (6,3 милијарди долари), Канада (5,4 милијарди долари), Франција (4,4 милијарди долари) и Австралија (2,5 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Бугарија е 11-та во светски рамки со извезена пченица во висина од над 967 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (76,5 милиони долари), Хрватска (69 милиони долари), Србија (51 милион долари), Словенија (24,5 милиони долари) и Босна и Херцеговина (4,6 милиони долари).

Македонија е 46-та во светот со извезена пченица во 2019-та година во вредност од 1,2 милиони долари.

Извор:Бизнисинфо.мк

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close