Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Неофицијално-Субвенциите за сточарите ќе се исплатат од 5 до 10 август
За овчарите најпрво ќе бидат исплатени мерките 2.7 и 2.8
Неофицијално од наши извори, дознаваме дека субвенциите за сточарите ќе бидат исплатени во период од 5 до 10 август, откако Собранието го усвои ребаланскот на Буџетот. Ова е најоптимистичката прогноза.
Субвенциите за сточарите (овчарство, краврство, свињарство, живонарство) се во висина од над 25 милиони евра и како што дознаваме парите се обезбедени.
Најголемата сума ќе биде исплатена за овчарите, околу 10 милиони евра. Овчарите ќе бидат исплатени најпрво за двете основни мерки, по глава на овца и за задржано женско јагне.
А.Б