fbpx
ВестиМакедонија

За викендов ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди

Од недела следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од слаб снег. До утринските часови врнежите ќе престанат.

Од недела следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Слични написи

Back to top button
Close