Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Незаконит риболов на Охридското Езеро, 6.000 метри мрежа, 80 килограми белвица
Притоа биле пронајдени 15 висечки рибарски мрежи со вкупна должина од 6.000 метри со вкупен улов од 774 парчиња риба охридска белвица, во вкупна тежина од 80,5 килограми.
Во водите на Охридското Езеро, од вливот на река Сатеска до село Радожда, струшко, полицијата презеде зајакнати мерки и активности за откривање на случаи на незаконит риболов. Притоа биле пронајдени 15 висечки рибарски мрежи со вкупна должина од 6.000 метри со вкупен улов од 774 парчиња риба охридска белвица, во вкупна тежина од 80,5 килограми.
Уловот бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.