fbpx
Вести

Никој не сака да ја работи оваа професија во Македонија, а се нуди плата и до 500 евра

ovcar

„Учи за да не бидеш овчар“ – оваа максима што уште се провлекува низ генерациите во Македонија е една од причините за намалувањето на добиточниот фонд.

Според сточарите, иако платата е 400 до 500 евра, а и државата обезбедува дополнителни субвенции, никој не сака да биде овчар. Заинтересираност за оваа работа, посебно кај младите, речиси не постои. Доколку некој и се нафати да биде овчар или говедар, ќе поработи некое време и потоа си оди. Ги остава на цедило, сами да се грижат околу добитокот.

Експертите, пак, предупредуваат дека дефицитот на овчари и говедари не само што придонесува за намалување на сточниот фонд, туку индиректно го загрозува и производството на традиционална храна.

 


 

скопјеинфо.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close