fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски – 4 милиони евра дополнителна поддршка за лозарите преку две мерки

Преку новиот модел за субвеницонирање, лозарите до крајот на оваа година ќе добијат исплата на 30% или 12.000 денари авнсна исплата на субвецниите за 2023 година. Додека остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун кога ќе бидат исплатени и овие 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка од претрпени штети по лозовите насади

Министерот Николовски истакна дека подсекторската група за вино и грозје донесе одлука со која се креираат две мерки за поддршка на лозаропроизводителите од последиците кои лозарите ги имаа оваа сезона по лозовите насади како последица од појавата на болести.  

Уште при бербата во разговорите со лозарите дадов збор дека ниту еден лозар нема да биде оставен сам. Над 4 милиони евра ставаме на располгање како дополнителна поддршка за лозарите преку две мерки за поддршка. Првата мерка е 12.000 денари по хектар за произведено винско и за прв пат трпезно грозје и втората е дополнителни 1 денар поддршка по килограм предадено винско грозје“, истакна министерот Николовски.

Преку новиот модел за субвеницонирање, лозарите до крајот на оваа година ќе добијат исплата на 30% или 12.000 денари авнсна исплата на субвецниите за 2023 година. Додека остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун кога ќе бидат исплатени и овие 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка од претрпени штети по лозовите насади. Дополнителната мерка пак од 1 денар по килограм предадено винско грозје ќе биде исплатена на лозарите откако целосно ќе биде завршена исплатата на основните директни плаќања.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close