fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски го деманира Трипуновски за обвинувањата за земјоделското земјиште во Свети Николе

Зошто Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да остават 200 земјоделски стопанства без своите заслужени субвенции.

Министерот Љупчо Николовски го деманира заменикот Цветан Трипуновски за не продолжените 88те договори за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост во регион Свети Николе.
реакцијата ви ја пренесуваме во целост.
Дополнителниот технички министер за земјоделство наместо да ги манипулира земјоделците дека МЗШВ од т.н “необјаснети причини” не ги продолжил 88те договори за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост во регион Свети Николе, треба на земјоделците да одговори зошто ТОЈ и пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да остават 200 земјоделски стопанства без своите заслужени субвенции.
Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за потребата од донесување на измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште. Измени со кои системски ќе се реши правото на аплицирање за субвенции на 200 земјоделски стопанства на кои во периодот на изборен процес ќе им престанат договорите за закуп.
Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат овој закон да влезе на разгледување во собраниската комисија за земјоделство.
На овој начин се прави директна штета на земјоделците. Вредни земјоделци што мачно работеле, произведувале храна, луѓе кои редовно плаќале на државата закуп за земјоделското земјиште, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги остави без заслужените субвенции.
За нештата да бидат појасни, станува збор за договори за закуп, кои истекуваат во период на изборен процес, кога согласно одредбите од Изборниот законик постои забрана за склучување на нови договори за закуп.
Во таа насока се и предложените измени и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште од страна на пратеничката група на #СДСМ. Со предложената преодна одредба во членот 3 од предложениот Закон се наметнува обврска за #МЗШВ, по службена должност за сите оние закупци, на кои им е истечен договорот за закуп и ќе им истечат во следните 6 месеци, а имаат поднесено барање за продолжување на договорот, по кои барања сеуште постапката не е завршена, да ги врати избришаните површини во ЕРЗС системот на име на овие закупци.
Одговорноста си има име и презиме, а тоа е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски и дополнителниот заменик министер Трипуновски, по чии наредби овој, но и многу други закони, што се во интерес на земјоделците, се блокирани во Собранието.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close