fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски и Бачовски на средба со земјоделците

Денеска со кавадарчани разговаравме за поддршката која е насочена кон вистинските земјоделци, оние чија основна дејност е земјоделството.

Ги продолжуваме средбите со земјоделците, каде отчетно и транспарентно им го презентираме новиот модел за субвенционирање. Денеска со кавадарчани разговаравме за поддршката која е насочена кон вистинските земјоделци, оние чија основна дејност е земјоделството.
👉Со новиот модел на субвенционирање нема да кратиме ништо, напротив ја зголемуваме и реорганизираме поддршката во повеќе програми кои ќе дадат поголема ефикасност.
👉Во интерес на лозарите и винариите веќе е готово ново законско решение во кое за прв пат ја дефинираме производната цена, за 25% повисока од реалната производна сцена.
👉Покрај основната, даваме и дополнителна субвенција кај лозарството за винско и трпезно грозје.
👉Со новиот модел, земјоделците од мал обем нема да треба да докажат дека го предале производството, но сепак ќе добијат финансиска поддршка.
👉Дополнителни субвенции ќе добијат лозарите кои ќе остварат принос, и ќе го предадат во регистрирани капацитети, но и оние кои ќе го задржат производството за свој финален производ.
👉Во случај на штета или мрзнење, се добиваат субвенции со предавање изјава за настанатата штета и записник од општината.
🤝Заедно со вас земјоделците, храбро и одлучно креираме успешни мерки и политики кои се во интерес на подобрување на положбата на македонскиот земјоделец и зголемување на домашното производство.
Можно е да е слика од 15 луѓе, седнати луѓе и внатре
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close