fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Ќе се проверуваат сите со имот без покритие

Николовски посочи дека овој закон ќе важи за сите граѓани кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло.

Во изминатите 30 години и актуелни и поранешни функционери велеа дека е потребен договор за конфискацијата на имотот, но мило ми е што ние сме нова генерација на политичари која е дел од ново законско решение, изјави вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски.

-За прват по 1974 година ќе донесеме законска рамка да има закон за потекло на имот и никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постаки, за жал, се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот- рече тој на ТВ 21.

Николовски посочи дека овој закон ќе важи за сите граѓани кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло. Во таква ситуација, според него, ќе се врши проверка, а тоа ќе ги ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо име.

-Има луѓе и со пресуди и кривични постапки и по цена да одлежат законска казна потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот. Обвинителите посочија дека бараат итна и граѓанска постапка за да се конфискува имотот, поточно веднаш да се приложи сето она што го располагаат фунционерите, а ова во Италија се нарекува закон на мафијата – рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close