fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Германската компанија „Впд“ ќе гради ветерен парк кај Куманово за 500 милиони евра

Во Македонија наскоро ќе почне изградбата на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Ова е најголемата поединечна директна гринфилд инвестиција во македонија од независноста до денес.

Паркот на ветерни електрани што ќе го гради германската компанија „Впд“ ќе има моќност од дури 415 мегавати. Ова најголемата директна инвестиција во Македонија по независноста. За споредба, трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати.

Во Македонија наскоро ќе почне изградбата на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Ова е најголемата поединечна директна гринфилд инвестиција во македонија од независноста до денес.

Изградбата ја најавија денес премиерот Зоран Заев и германската компанија „Впд“. Ветерниот парк наречен „Вирови“ е најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК „Битола“.

Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.

Оваа инвестиција „Независен“ ја најави уште во јуни оваа година по пишувањето на месечникот кој се занимава со прашања за енергија од ветерот „Виндпауер“. Германскиот инвеститор тогаш веќе имаше поднесено барање за статус на стратешки проект што ќе му даде повластен третман, според законот усвоен минатата година.

„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

„Ова не е само најголемата германска инвестиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвидените 700 мегавати со стратегијата“, истакна Заев.

Според плановите проектот „Вирови“ треба да оди во три фази – во 2025, 2026 и 2027 година.

„Впд“ има за цел да го развие проектот преку две деловни единици во целосна сопственост: „Вирови“ формирана за специјална намена во Македонија и „Впд Адриа“, нејзина подружница за управување со развој на проекти во Западен Балкан. Портпаролот за „Виндпауер“ во јуни изјави дека овој проект може да биде само почеток и дека компанијата гледа потенцијал за понатамошни ветерни електрани во Македонија.

Единствениот парк на ветерници што е подигнат и функционира во Македонија е оној кај Богданци со моќност од 36,8 мегавати, а уште 43,2 мегавати се во фаза на развој.

За да се има предвид колку голем би бил овој проект на „Впд“ од 400 мегавати треба да се знае дека трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати (3х225). Или, пак, двете турбини на ХЕЦ „Козјак“ имаат моќност од 82 мегавати, по 41 секоја.

Премиерот Заев изјави дека големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата, а доаѓаат зашто добро се сработени реформите.

„Ја донесовме потребната легислатива, создадовме услови за инвестирање во безбедна и сигурна земја, фер услови за сите. Работиме согласно европските правила, со сериозни и докажани инвеститори“, нагласи премиерот.

Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холштајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.

„Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбициозните цели на македонската Влада во енергетската транзиција, истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години.

Компанијата „Впд“, чие седиште е во Бремен, Германија, е една од водечките во светот која произведува енергија од обновливи извори. Таа има поставено ветерни електрани во 28 земји во светот, но повеќето во Европа. Има подигнато 2.400 ветерни турбини, кои произведуваат 5.150 мегавати. Таа поставува ветерни турбини во море и на копно. Проектите што сега ги развива „Впд“ предвидуваат подигнување ветерни турбини од 12.300 мегавати на копно и 13.800 мегавати во море. https://nezavisen.mk/pochnuva-realizacijata-na-virovi-najgolemata-direktna-grinfild-investicija-vo-makedonskata-ekonomija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close