fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Младите ќе дадат значаен придонес во развојот на земјоделството

Во време на нови напредни технологии младите со нивното знаење ќе дадат значаен инпут во развој и модернизирање на македонското земјоделство

Младите се нашата иднина. Чест ми е што  за прв пат МЗШВ и Факултет за земјоделски науки и храна, Градежен факултет, Факултет за ветеринарна медицина и Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг “Ханс Ем” при УКИМ потпишаа Меморандум за соработка со кој ја унапредуваме стручната и научна комуникација.
Преку овој Меморандум ќе овозможиме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите, со што по завршувањето на студиите ќе бидат подготвени директно да се вклучат во работни ангажмани со претходно стекнато практично искуство.
Во време на нови напредни технологии младите со нивното знаење ќе дадат значаен инпут во развој и модернизирање на македонското земјоделство, а со тоа и во севкупниот економски развој на државата.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close