fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски на прес конференција: Создаваме сериозни услови за младите земјоделци

Две мерки преку Програмата за рурален развој се креирани само за младите земјоделци на возраст од 18 до 40 години: за почнување земјоделска дејност со грант од 10 000 евра и за потикнување на земјоделско стопанство со грант од 20 000 евра.

Од 2017 година до денес поддршка во овие две мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци од кои 567 добиле по 10 000 евра, а 262 по 20 000 евра. Од вкупно 2 368 договори за закуп на земјоделско земјиште, пак, склучени од 2019 година до денес, 754 се со млади земјоделци кои три години се ослободени од плаќање закупнина, додека од 2 369 договори за ИПАРД 2, дури 859 се потпишани од млади земјоделци чии инвестиции, кои се веќе реализирани, тежат околу 10 милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Овие бројки, изјави Николовски пред средбата со младите земјоделци од сите региони во државата, се потврда дека владините политики даваат резултат.

-Од вкупно регистрираните 130 000 земјоделци во земјава, над 15 500 се млади. Сите овие бројки се потврда дека нашите политики даваат резултат. За да биде приказната целосна и да се види дека сме мислеле сеопфатно, зборува и тоа што не се фокусиравме само на поддршка преку неповратни грантови, туку во 2019 година се воведоа и измени во Законот за земјоделско земјиште кое овозможуваат давање под закуп за млади земјоделци без плаќање закупнина три години, потенцира Николовски.

Тој најави дека на денешната средба со младите земјоделци во Министерството детално ќе биде презениран повикот за грант од 10 000 од Програмата за рурален развој кој е во тек и кој ќе трае до средината на идниот месец, а ќе бидат презентирани, рече, и можностие што ги нуди ИАПРД 3 Програмата.

-Заедно ќе направиме се што е во наша моќ да им помогнеме на сите млади да ги искористат средствата и од Националната програма и од ИПАРД 3, подвлече Николовски.

Според него, во овој момент на располагање на земјоделците генерално, им се над 50 милиони евра, што е, истакна, огромен потенцијал и шанса за разој.

-Сите што имаат визија и идеја за своето производство, да аплицираат и да ги искористат овие средства. Рокот за мерката од 10 000 евра грант и за првиот ИАПРД 3 повик истекува на 15 октовмри. Има доволно време да се информираат и да се советуваат, за да ги напарават добри деловните планови, рече министерот Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close