fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски на гости кај Пеце Танчевски од село Лажец, Битолско

Пеце се занимава со одгледување на пченка, пченица и јачмен повеќе од 20 години, а преку мерките од ИПАРД програмата има набавено една приколка, и една меѓуредна фаза со што си го модернизира и олеснува производството.

Со Караванот “Поддршка за секој земјоделец” денеска сум во Битола. Го посетив Пеце Танчевски од село Лажец Битолско. Пеце се занимава со одгледување на пченка, пченица и јачмен повеќе од 20 години, а преку мерките од ИПАРД програмата има набавено една приколка, и една меѓуредна фаза со што си го модернизира и олеснува производството.
-Ме информираше дека со задоволство ќе аплицира за мерките од Интервентниот фонд каде обезбедуваме 40% помош за набавка на вештачко ѓубриво, односно 4.000 денари по хектар за пченка и пченица, како и 2.500 денари за сончоглед и јачмен. Радуваат ваквите посети, каде лично од терен ги гледам резултатите и придобивките од мерките кои ги носиме.
Продолжуваме да даваме силна поддршка на земјоделците преку ефикасни програми, за помали трошоци и зголемено домашно производство на стратешките култури, објави Николовски.
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close