Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски очекува минимум 20 отсто поголема цена на тутунот
Што ќе кажат тутунарите
Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20 отсто зголемување на откупната цена, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Преку својот фејсбук профил, Николовски информира дека одржал состанок со откупувачите на тутун.
-Пред почеток на откупната сезона одржавме состанок со откупувачите на тутун. Ме информираа дека се подготвени за навремено да почне откупот, со обезбедени средства и подготвени откупни места. Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20 отсто зголемување на откупната цена, наведува министерот. (МИА)