fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Очекувам земјоделците правилно да ја разберат новата политика на субвенционирање

Денеска на владина седница ќе биде презентиран новиот модел на субвенционирање.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска на владина седница ќе биде презентиран новиот модел на субвенционирање.

Тој очекува, како што наведува на својот официјален фејсбук профил, земјоделците правилно да ја разберат новата политика.

-Ќе го презентираме новиот модел на субвенционирање со што ќе заокружиме почеток на еден важен процес.Следуваат консултации со сите засегнати страни по кој на јасен и недвосмислен начин ќе биде претставен пред целокупната јавност. Очекувам земјоделците правилно да ја разберат новата политика која пред се’ е во нивен интерес, наведува Николовски.

Како што најави Николовски на брифинг со новинарите минатиот месец, новиот модел на субвенционирање креиран со Платежната агенција, се очекува да биде применлив од 1 јануари 2023 година. Во основа на новиот модел, напомена, е авансната исплата.

Постојниот модел на субвенционирање, оцени министерот, не ги дава посакуваните ефекти и укажува на манипулации и можности за злоупотреба.

-Да се зголеми поддршката за културите и производите што ги бара пазарот по примерот на европските искуства, директните плаќања да бидат насочени кон долготрајна одржливост на активните земјоделци чија главна дејност е земјоделството, како и одржување на обработливите земјоделски површини и зголемување на производството на храна, се клучните цели што треба да ги постигне новиот модел. Постојните субвенции за земјоделците нема да се скратат, односно би биле распоредени во повеќе различни програми. Новиот модел треба да значи побрза исплата и земјоделците навремено да ги имаат парите за да почнат ново производство.Темелот на овој модел е авансната исплата на субвенциите, односно 30 отсто од вкупните субвенции земјоделците ќе ги добијат и пред да бидат завршени административните  контроли во Платежната агенција. Со самото пријавување тие ќе добијат 30 отсто субвенции за да го почнат производството. Целта е да постигнеме и поголема контрола на користење на овие средства, рече Николовски на брифингот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close