Агро бизнисБез категоријаВести
Николовски-Од 4.000 на 12.000 денари ја зголемуваме поддршката за женски грла говеда
Вкупно 194 апликации пристигнаа на последниот повик за поддршка при набавка на педигриран добиток, кој заврши на 16 ноември 2023 година. Пристигнатите апликации веќе се обработуваат од страна на Платежната Агенција, а поддршката која ја даваме изнесува 10 милиони денари по корисник
Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година, објави министерот Љупчо Николовски.
Од 4.000 на 12.000 денари ја зголемуваме поддршката за женски грла говеда.
Од 400 на 1.000 денари ја зголемуваме поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.
Ја продолжуваме поддршката кон сточарите во набавка на високо педигриран добиток. Мерка важна за сточарите, со која го обновуваме сточниот фонд. Вкупно 194 апликации пристигнаа на последниот повик за поддршка при набавка на педигриран добиток, кој заврши на 16 ноември 2023 година. Пристигнатите апликации веќе се обработуваат од страна на Платежната Агенција, а поддршката која ја даваме изнесува 10 милиони денари по корисник, што претставува кофинасирање од 50 до 75 проценти.
Креираме нова мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар. Агроеколошка мерка по европски стандарди, која има за цел да ги стави во функција површините со намена ливади и пасишта, за производство на храна за добитокот.
Со земјоделците од село Мршевци поразговаравме за се она што досега сме го направиле, за сите резултати што заеднички ги постигнавме но и за идните мерки и политики кои ги носиме во нивна корист.