Агро бизнисБез категоријаВести
Николовски-Откупени 880.000 кг домашно овошје за 38.000 дечиња од детските градинки
Годинава имаме двојно поголем буџет, 40 милиони денари но и проширена листа на производи, јаболка, кајсија,праска, слива и крушка од реколта 2023.
Ја продолжуваме успешната приказна “Здрав оброк за секое дете”. Веќе од утре ќе обезбедиме македонско овошје до сите редовно запишани дечиња во детските градинки. Годинава имаме двојно поголем буџет, 40 милиони денари но и проширена листа на производи, јаболка, кајсија,праска, слива и крушка од реколта 2023.
Откупени оваа година ќе бидат 880.000 кг домашно овошје за 38.000 дечиња од детските градинки. Преку оваа програма која ќе стане пракса, директно го помагаме откупот на домашното производство но и убавите македонски производи ги доближуваме до најважното и највредното, нашите дечиња, најави министерот Љупчо Николовски