Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски-Проблемот на овоштарите е наследен од претходната Влада од 2016 година
Подготвивме системско решение кое овозможува услови за обештетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел земјоделци.
Министерот Љупчо Николовски објави-Подготвивме системско решение кое овозможува услови за обештетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел земјоделци.
Проблемот за кој денес протестираат овоштарите е наследен од претходната Влада уште од 2016 година, кога поради лошите законски решенија предизвикан е правен проблем за исплата на настанати штети.
Оваа Влада посветено работеше пред се правно да ги нормализира работите со цел да овозможи правен основ за исплата на штетите предизвикани по разни основи уште од 2016 година.
Извршена е измена на два закони и уредби со цел да се овозможи yслови владината комисија да може да постапува по предметите.
Владата ја усвои и Информацијата за проверка на податоците за настанати штети, со што се затвори процесот пред финалната одлука за обештетување на граѓаните во 29 општини во висина од 10% од вкупно проценетста штета која изнесува 2,2 милијарди денари.