Николовски: Со новиот буџет, близу 9 милијади денари се наменети за земјоделците
Со новиот Буџет за 2023 година обезбедуваме близу 9 милијарди денари, средства наменети за земјоделците, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Со новиот Буџет за 2023 година обезбедуваме близу 9 милијарди денари, средства наменети за земјоделците, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тој најави дека со тие финансии ќе се започне со целосна имплементација на како што рече, најголемата земјоделска реформа.
„Со реформата:
-земјоделците добиваат предвремена исплата од 30% на субвенциите во тековната година
-дополнителна субвенција за значајните култури
-поголема и побрза поддршка за сточарите
-ја продолжуваме поддршката до секој земјоделец преку Интервентната програма
-10.000 евра поддршка преку новата мерка бизнис план во земјоделството за земјоделците чија основна дејност е земјоделството
-поддршка за советодавни услуги на земјоделците
-поддршка за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни приизводи обезбедувајќи здрав оброк за учениците во основните училишта
-грант до 10.000 евра за поддршка и развој на малите семејни винарии
-грант до 10.000 евра за поддршка на малите производители на храна и развивање на продажбата од фарма
-развој на селата преку поддршка на земјоделските задруги“, истакна министерот.
Додаде дека дополнително за развој на македонското земјоделство, на располагање во следните 7 години ќе биде и новата „Ипард“ 3. програма, вредна 210 милиони евра, со можност за авансна исплата на поддршката до 50% и со зголемување на прагот на минимум прифатливите трошоци по проект од мерките 1, 3 и 7 на ИПАРД 3 Програмата.