
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и топло со температури до 38 степени
Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.
Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.
