fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Тутунскиот комбинат Прилеп ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот

Субвенцијата за прва класа ќе биде зголемена за дополнителни 20 до 30 денари односно ќе постигнеме рекордни субвенции по класи

Бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп денеска донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени, објави министерот Љупчо Николовски.
-Исто така сакам да соопштам дека оваа година субвенцијата за прва класа ќе биде зголемена за дополнителни 20 до 30 денари односно ќе постигнеме рекордни субвенции по класи.
Најавувам уште неколку други мерки за тутунарите што ќе ги спроведеме за прв пат со што обезбедуваме досега најголема историска финансиска поддршка.
Македонската Влада и министерството не ги остава тутунарите сами.
Државата прави се и ја вреднува маката на секој земјоделец.
Затоа очекувам и другите компании при откупот на тутунот да ја следат оваа политика, објави Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close