fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски вели – 2024 година ќе биде година на сточарството

Досега максималниот износ збирно за сите мерки од програмата за директни плаќања изнесуваше 18.450.000 денари. Сега со измените максималниот износ по корисник достигнува 18.450.000 денари збирно за мерките од растително производство и исто толку за мерките за сточарско производство.

-Оваа 2024 година ќе биде година на сточарството. Поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци ја зголемуваме од 4.000 на 12.000 денари. Се зголемува и поддршката за предадено јагне во кланичните регистрирани капацитети од 400 на 1.000 денари. Зголемување има и кај амортизираните несилки предадени во регистрирани кланични капацитети каде поддршката од 120 се зголемува на 150 денари, вели министерот Љупчо  Николовски.

Креирана е, додаде, нова мерка за поддршка во одржувањето на ливадите од 6.000 денари по хектар, се зголемува и платата за овчарите од досегашните 360.000 денари по овчар на 620.000 денари годишно и се трга досегашниот критериум над 700 метри надморска височина. Стартува и процесот на вкрстена сообразност.

– Во 2024 година сточарите заедно со земјоделците ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од основните субвенции за 2024 година. Исплатата, пак, на преостанатите 70 проценти од субвенциите кај сточарството се поврзува со предавање на производството во регистрираните преработувачки капацитети – млекарниците или кланиците, истакна Николовски.

-За поголем мотив, пред се кај сточарите, го менуваме максималниот износ на директните плаќања по корисник. Досега максималниот износ збирно за сите мерки од програмата за директни плаќања изнесуваше 18.450.000 денари. Сега со измените максималниот износ по корисник достигнува 18.450.000 денари збирно за мерките од растително производство и исто толку за мерките за сточарско производство. Целта на ваквата измена е да ги мотивираме и поттикнеме сточарите во сопствено производство на храна за животните кои ги одгледуваат, што би придонело во намалување на нивните трошоци, но и во намалување на крајната цена на производите како месото, млекото и јајца, рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close