Агро бизнисВестиТоп вести
Повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.





