Агро бизнисБез категоријаВести
Николовски и Бачовски во посета на Исмаил сточар од село Водоврати
Креираме нова мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар, Го помагаме сточарството зголемувајќи ја платата за овчарите, од досегашните 360.000 денари по овчар, на 620.000 денари.
Исмаил e сточар од село Водоврати кој има своја фарма со околу 20 крави. Исмаил навистина изрази благодарност за брзата исплата на средствата од грантот за набака на тракторот, за навремената редовна исплата на субвенциите, за зголемувањето на субвенциите што го имаме во секторот сточарство кој е во нашиот фокус оваа година, објави министерот Љупчо Николовски.
Од 4.000 на 12.000 денари ја зголемуваме поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци.
Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари.
Ја продолжуваме поддршката кон сточарите во набавка на високо педигриран добиток. Мерка важна за сточарите, со која го обновувваме сточниот фонд.
Креираме нова мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар,
Го помагаме сточарството зголемувајќи ја платата за овчарите, од досегашните 360.000 денари по овчар, на 620.000 денари.