Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7
Ова значи дека наместо до 22 август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година.
Ги информираме сите заинтересирани дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за аплицирање за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.
Рокот за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 програмата.се продолжува за дополнителни 15 дена.
Ова значи дека наместо до 22 август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година.
Со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање на целокупната документација која е потребна за поднесување на барања.
На овој повик на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност а повратот на инвестицијата е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.
————–