fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со мала облачност, температурата до 32 степени

Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, а во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Потоа во следните денови ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.

 

 

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close